Достапни линкови

Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за четири денари


Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 67 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,50 денари. Намалувањето е врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

XS
SM
MD
LG