Достапни линкови

logo-print

Откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром


Поради исклучително густата магла што сè уште е присутна во скопскиот регион, авиокомпаниите одлучија да ги пренасочат, одложат или откажат своите летови до и од аеродромот „Александар Велики“, соопшти денеска „ТАВ Македонија“, концесионер на скопскиот аеродром. Според Тав Македонија, од 20 часот вчеравечер до осум часот утринава се пренасочени два, а откажани се шест летови. Од компанијата истакнуваат дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

XS
SM
MD
LG