Достапни линкови

logo-print

Критики за Турција поради рации во медиумите


Турската полиција извела серија рации во седишта на неколку медиуми кои имале тесни врски со опозициски партии. Притоа биле уапсени најмалку 24 луѓе кои се соочуваат со обвинување за закани, но и за формирање групи во обид да го освојат државниот суверенитет. Некои од уапсените се соочуваат и со обвинувања за клевета. Меѓу уапсените е и главниот уредник на весникот „Заман“ и шефот на телевизиската станица Саманиолу кои имаат врски со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој му е жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ѓулен живее во Соединетите држави. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан апсењата ги оценија како спротивни на европските вредности.

XS
SM
MD
LG