Достапни линкови

Законот за помош на Украина кај претседателот Обама


Законот со кој се дозволува помош во оружје за одбрана на Украина, како и нови санкции против Русија кој беше усвоен во американскиот Конгрес сега треба да го потпише претседателот Барак Обама. Во законот се прецизира дека се дозволува помош во одбранбено оружје во вредност од 350 милиони долари. Што се однесува до санкциите, тие главно се насочени кон рускиот енергетски сектор, но и воената индустрија. Според заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков, законот бил уште една манифестација на антируското расположение.

XS
SM
MD
LG