Достапни линкови

Заложничка драма во Сиднеј


Вооружено лице држи во заложништво неодреден број луѓе во еден кафе ресторан во австралискиот град Сиднеј. Телевизиите прикажаа снимка на најмалку три лица со кренати раце на прозорците на кафе ресторанот и црно знаме со арапско писмо. Било забележано и дека неколкумина со трчање излегле од ресторанот. Сведоци велат дека слушнале истрели, но досега немало извештаи за ранети. Полицијата го блокира местото Мартин Плејс во центарот на Сиднеј каде што е лоциран кафе ресторанот. Премиерот Тони Абот изјави дека не е познато дали нападот бил политички мотивиран иако, како што рече, имало извесни индикации за тоа. Полицијата воспоставила контакт со вооруженото лице.

XS
SM
MD
LG