Достапни линкови

logo-print

Русија негира дека нивен воен авион ќе удрел во патнички


Руското Министерство за одбрана денеска негираше дека еден од нејзините авиони речиси удрил патнички авион во воздухот. Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека не постои основа за извештаите дека за малку ќе се случела катастрофа. Тој изјави дека имало руски воен авион над Балтичко Море, на 12 декември, но дека авионот никогаш не бил поблиску од 70 километри до авионот на Скандинавија ерлајнс .
Портпаролот на авио компанијата изјави дека не била нарушено безбедносното растојание меѓу двата авиона. Шведското Министерство за одбрана соопшти дека за малку ќе имало судар меѓу двата авиона.


XS
SM
MD
LG