Достапни линкови

logo-print

Митинг за ослободување на политичките затвореници во Азербејџан


Околу 1.500 луѓе излегоа на опозицискиот митинг во главниот град на Азербејџан, Баку, и ја повикаа владата да ги ослободи политичките затвореници. Митингот што се одржа на стадионот Махсул на периферијата на Баку го организира опозициската партија Мусават. Лидерот на партијата, Иса Камбар, рече дека ако претседателот Илхам Алиев не ги ослободи политичките затвореници „наскоро“, Мусават „ќе повика на меѓународен бојкот на Европските игри“ што треба да се одржат во Баку наредното лето. Демонстрантите, кои скандираа „Слобода“, бараат и одржување на слободни избори.

На 5 декември на познатата новинарка Хадија Исмаилова ѝ беше одреден притвор од два месеци во судски процес во кој таа е обвинета дека наведувала еден маж на самоубиство. Меѓународните организации за човекови права и западните земји оценија дека случајот е политички мотивиран. Нејзиниот случај е последен во низата затворање на опозициски активисти и новинари.

XS
SM
MD
LG