Достапни линкови

Ашраф Гани ги осуди нападите во Авганистан


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги осуди се почестите напади од страна на милитантите во неговата земја во последниве неколку недели во услови кога странските сили предводена од САД го продолжуваат своето повлекување.

Гани денеска изјави дека „никогаш нема да се предадат“ и повика сите верски, политички и племенски лидери да го осудат насилството.

Талибански борци извршија неколку напади од висок профил низ целата земја. Вчера убија најмалку 19 лица, вклучувајќи и висок претставник на Врховниот суд.


Околу 12.500 странски војници ќе останат во Авганистан по 31 декември. Тие ќе ја обучуваат национална армија и полиција.

XS
SM
MD
LG