Достапни линкови

На климатскиот самит поставени условите за договор


Преговарачите во климатските разговори на ОН, постигнаа компромисен договор кој поставува услови за можен меѓународен договор кој треба да доведе до намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат климатски промени.

Официјални лица од речиси 190 земји повеќе од две недели разговараа во главниот град на Перу, Лима, за да договорат услови за договор кој треба да биде усвоен на самитот во Париз следната година .

Перуанскиот министер за животна средина Мануел Пулгар Видал, претседател на конференцијата во Лима, рече дека договорот е „не е совршен“, но ги вклучува сите позиции на земјите-учеснички.

XS
SM
MD
LG