Достапни линкови

Меѓународното признавање на Косово - цел на косовската дипломатија


Новиот косовски министер за надворешни работи Хашим Тачи најави дека главна цел во текот на неговиот мандат како шеф на дипломатијата, ќе биде независноста на Косово да ја признаат петте земји од ЕУ кои тоа досега не го сториле и најмалку две третини од членките на ОН.

„Меѓународното признавање на независноста и суверенитетот на Косово ќе бидат во фокусот на косовската дипломатија. Цел ни е преку силно лобирање да ја зацврстиме меѓународната позиција на Косово и да восптоставиме дипломатски односи со мнозинството членки на ОН“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

Според него, исполнувањето на овие цели ќе го направи Косово рамноправен член на меѓународната заедница, а со тоа ќе се придонесе и за мирот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Тој најави дека косовската дипломатија под негово раководство ќе се стреми кон целсноа нормализација на односите со Србија и кон продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

XS
SM
MD
LG