Достапни линкови

Лавров и Кери утре на средба во Рим


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, планираат утре да се состанат во Рим во наредните деновите во услови на тековните тензии во источна Украина, соопштуваат властите и на двете земји.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека Лавров ќе му ја пренесе на Кери, загриженоста на Москва во врска со законот кој беше донесен од Конгресот на САД познат како акт за поддршка на слободата на Украина.

Законот, кој уште треба да биде потпишан од претседателот Барак Обама ги зголемува изгледите за построги санкции против Русија и предвидува испраќање на оружје за Киев во борбата со сепаратистите.

XS
SM
MD
LG