Достапни линкови

logo-print

За претседател на ЗНМ по вторпат избран Насер Селмани


Насер Селмани повторно е избран за претседател на Здружението на новинари. Новинарите денеска избираа раководство на ЗНМ. Се гласаше за претседател и за и членови на управниот одбор, на надзорниот одбор и за членови на Совет на честа. Противкандидат на актуелниот претседател на ЗНМ му беше Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, кој кандидатурата ја поднесе на денот на гласањето. Со 154 гласа победи Насер Селмани, додека неговиот противкандидат освои 21 глас.На денешното редовно изборно собрание, беше усвоена и „Декларација за Томислав Кежаровски“, со која се бара негово ослободување од вина. Новинарите упатуваат силна поддршка за својот неправедно осуден и притворен колега, се наведува во Декларацијата.

„Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека сè уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи правдата – да го ослободи од вина“, стои во Декларацијата.

XS
SM
MD
LG