Достапни линкови

Историчари и хералдичари дебатираа за идејата за нов грб


Предлог за нов грб на Република Македонија.

Предлог за нов грб на Република Македонија.

Промената на државниот грб ни треба и таа требаше порано да се направи. Предлог-решението за грбот кој се нуди има историска подлога во грбовниците од доцниот среден век, па и во раниот нов век. Идејата за новиот грб е историски основана и документарно потврдена.

Ова го посочија претставници на Институтот за национална историја, Институтот за истроија при Филозофскиот факултет, претставници на Здружението на хералдичари и други стручни лица од оваа област на дебата за предлогот за нов државен грб на Република Македонија, која се одржа на Институтот за национална историја.

Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев рече дека идејата е да се дискутира за предлогот во рамките на историската наука, односно да се дискутира за заснованоста, за корените, за традицијата на тој предлог, на тој симбол во историјата на Македонија.

Историчарот и професор на Филозофскиот факултет, Ванчо Ѓорѓиев рече дека прашањето со кое најчесто се соочувале деновиве кое често пати му било доставувано било: Зошто сега и дали ни треба грб на Република Македонија?

Посочи дека неговиот одговор секогаш е „Да, затоа што не го направивме досега, требаше многу порано“.

Јован Јоновски, претседател на Хералдичкото друштво истакна дека првпат имаме предлог-решение од Владата кое е дадено на јавна расправа.

„Во хералдиката лавот е најчесто употребуваниот амблем и поради тоа освен боите, лавот сам по себе не претставува симбол на некого, туку во зависност од комбинацијата со боите можно е да биде. Во Европа има многу грбови каде разликата е во боите како прво. Лавот не се карактеризира само со својата претстава, туку и со позите во кои тој е претставен и секоја негова поза ни дава друг поинаков грб, рече Јоновски.

XS
SM
MD
LG