Достапни линкови

ОН: Повеќе од 300 загинати месецов во источна Украина


Повеќе од 300 луѓе загинале за помалку од еден месец во источниот дел на Украина, во борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти, соопштија Обединетите нации. Со нив, бројот на жртви од конфликтот во Украина се искачи на 4.634, а над 10 илјади луѓе се повредени во конфликтот кој започна во април, соопштија од ОН. Во соопштението се вели дека повеќе од 1,1 милиони луѓе се раселени, од кои половина се внатрешно раселени, а другата половина во соседните земји, од кои најмногу во Русија. Според извештајот, околу 5,2 милиони луѓе живеат во регионите погодени од војната.

XS
SM
MD
LG