Достапни линкови

Нови крвави напади во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 13 луѓе се убиени, а десетици повредени во неколку смртоносни напади во Кабул и на други места во Авганистан, соопшти полицијата. Според нив, талибанските борци убиле најмалку 12 работници кои работеле на расчистување на мини во близина на поранешната британска воена база Кемп Бастион во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан. Во нападот се повредени други 12 работници. По нападот следувале судири меѓу авганистанските војници и бунтовниците. Во меѓувреме, во Кабул, Министерството за одбрана соопшти дека бомбаш-самоубиец уништил автобус кој превезувал авганистански војници во западниот дел на главниот град. Министерството соопшти дека бројот на загинати „ќе биде објавен подоцна.“ Претходно, во текот на денот, висок претставник на Врховниот суд беше убиен во близина на неговиот дом, во напад за кој се тврди дека се одговорни Талибанците.

XS
SM
MD
LG