Достапни линкови

Ставрески - 2014 e економски успешна година


Последните објавени статистички податоци за намалување на невработеноста и за растот на македонската економија, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, даваат можност дефинитивно да се потврди дека 2014 е успешна година на економски план.

„Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 проценти, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 процент што е меѓу трите највисоки во Европа“, изјави денеска вицепремиерот Ставрески.

Според него, во услови кога во европската економија има стагнација, ова е исклучително добар резултат и потврда дека економските политики се добро поставени.

XS
SM
MD
LG