Достапни линкови

Разговорите за климатските промени во Перу продолжуваат


Илустрација.

Илустрација.

Разговорите за климатските промени кои ги водат членките на ОН во Перу, а кои требаше да завршат на 12 декември, ќе продолжат и за време на викендот. Делегати од повеќе од 190 земји се состанаа во Лима на двонеделни разговори, за да се обидат да договорат план за сеопфатен договор за кој треба да се преговара следната година во Франција. Но, имаше разлики меѓу богатите и сиромашните земји.

Богатите земји сакаат фокусот да биде на напорите за контрола на емисиите на јаглерод диоксид и на другите стакленички гасови.

Земјите во развој, пак, сакаат да им се даде ветување дека ќе добијат финансиска помош во справувањето со климатските промени.


За време на кратката посета во Лима, на 11 декември, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека решавањето на проблемот е одговорност на сите.

XS
SM
MD
LG