Достапни линкови

Русија се закани со против мерки на нови американски санкции


Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, денеска изјави дека Москва ќе преземе контра мерки доколку Вашингтон воведе нови санкции против Русија, поради кризата во Украина.

Американскиот Сенат и Претставничкиот дом на 11 декември едногласно го усвоија Законот за поддршка на Украина, според кој ќе се одобрат нови санкции против Москва. Освен тоа законот овозможува Вашингтон да обезбеди воена помош за Киев во борбата против сепаратистите во источниот дел на земјата. Американскиот претседател Барак Обама треба да го потпише законот за да стапи на сила.

„Се разбира, ние тоа нема да го оставиме без одговор“, рече Ријабков.

Нацрт-законот предвидува да се обезбедат 350 милиони долари за воена опрема на Украина, вклучувајќи и испорака на противтенковско и антиоклопно оружје, радари, надзор на беспилотни летала и комуникациска опрема.

Украинските пратениците одлуката ја поздравија како „историска“.

XS
SM
MD
LG