Достапни линкови

Селмани доби противкандидат


Здружението на Новинари на Македонија денеска бира претседател и членови на управниот одбор, на надзорен одбор и членови на Совет на честа. Актуелниот претседател на ЗНМ Насер Селмани сега доби и против кандидат. Семи Mехмети, уредник на порталот „Алмакос“ својата кандидатура ја достави на денот на гласањето. Потребниот кворум за работа на Редовното и на Вонредното изборно Собрание и за донесување полноважни одлуки се обезбедува со присуство на најмалку 15 проценти од вкупниот број на редовните членови на ЗНМ.
Актуелниот претседател Насер Селмани беше избран на Изборното собрание што се одржа во 2010 година.

XS
SM
MD
LG