Достапни линкови

Најмалку 11 загинати во лизгање на земјиштето во Индонезија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 11 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се пријавени за исчезнати во синоќешното лизгање на земјиштето што уништи едно село во Индонезија. Стотици луѓе се евакуирани во централна Јава, на околу 450 километри од главниот град Џакарта. На снимките што ги објавија медиумите се гледа како каллива вода тече низ планините. Спасувачките тимови се излезени на терен. Лизгањето на земјиштето е честа појава во Индонезија за време на монсунската сезона, која вообичаено трае од октомври до април.

XS
SM
MD
LG