Достапни линкови

Сиера Леоне забрани јавни прослави на Божиќ и Нова Година


Поради еболата, Сиера Леоне забрани јавни прослави на Божиќ и Нова Година. Владините единици за борба со еболата, соопштија дека на улиците ќе бидат распоредени војници за време на празничниот период, кои треба да спречат прослави и да ги задржат луѓето во затворен простор.Според последните податоци на Светската здравствена организација, Сиера Леоне е на прво место по заразени од болеста, а во земјата досега починале 1.786 луѓе од ебола. До 10 декември во трите најтешко погодени земји од ебола во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, починале вкупно 6.583 луѓе. Во трите земји се потврдени 18.188 случаи на инфицирани луѓе.

XS
SM
MD
LG