Достапни линкови

Донесен воениот буџет на САД за 2015 година


Илустрација: Американски војници.

Илустрација: Американски војници.

Конгресот на САД го одобри воениот буџет за 2015 година. Војската следната година на располагање ќе има 577 милијарди долари. Сенатот го усвоија законот синоќа, а претходно тоа го стори Претставничкиот дом. Сега се очекува потпис од американскиот претседател Барак Обама за да стапи на сила. Предлог-законот предвидува 496 милијарди долари за Пентагон, како што бараше Обама, плус речиси 64 милијарди долари за конфликтите во странство, вклучувајќи ја и војната во Авганистан.

XS
SM
MD
LG