Достапни линкови

Поранешни грузиски функционери сега во украинската влада


Поранешната грузиска заменик министерка за внатрешни работи Екатерина Згуладзе се очекува наредната недела да биде назначена на истата позиција во Украина. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков денеска на Фејсбук напиша дека ја потпишал препораката до претседателот Петро Порошенко на Згуладзе да ѝ се додели украинско државјанство за да може да биде назначена на функцијата. Таа беше во грузиската влада за време на претседателот Михаил Саакашвили. Министерот за здравство во неговата влада, Александар Квиташвили, исто така беше назначен на истата позиција во украинската влада, каде што има уште двајца странци, кои пред да станат министри добија украинско државјанство. Тоа е министерката за финансии Наталија Јарешко, американската државјанка која претходно работеше во американскиот Стејт департмент и министерот за економија Аиварас Абромавициус, кој е литвански инвестициски банкар.

XS
SM
MD
LG