Достапни линкови

Бесими: ЕУ да се ангажира за решавање на спорот за името


Доколку Македонија во декември не добие датум за официјално отворање на преговорите, тоа да се случи во текот на наредната година штом се создадат услови за тоа и да не се чека наредниот Самит во декември, побарал вицепремиерот Фатмир Бесими на вчерашната средба во Брисел со Федерика Могерини, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Во однос на отворените прашања, конкретно прашањето за името кое оневозможува консензус во Советот на ЕУ за официјално да ги отвориме преговорите, вели Бесими, побаравме начини како ЕУ да се вклучи за овој процес да се интензивира.

XS
SM
MD
LG