Достапни линкови

ОН и САД ги осудија бомбашките напади во Авганистан


ОН и САД го осудија вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз француско училиште во Кабул, во кој загина еден германски државјанин, а неколкумина луѓе беа ранети. Во денешното соопштение од ОН се наведува дека нападот врз училиштето, но и другиот напад во кој беа убиени шестмина авганистански војници, ја засилуваат сериозната загриженост од заканите од талибанците и другите милитантни организации. Американската амбасада во Кабул ја повтори континуираната посветеност на Вашингтон за обезбедувањето „мир и стабилност“ во Авганистан.

XS
SM
MD
LG