Достапни линкови

logo-print

Двојно зголемување на буџетот за одбрана на Украина?


Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак.

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак.

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак побара двојно зголемување на воениот буџет за наредната година, заради зголемување на способноста на вооружените сили во борбата против проруските сепаратисти на истокот на земјата. Тој денеска пред Парламентот рече дека некои единици од источна Украина ќе бидат префрлени на запад и на југ, поради, како што рече, закани од молдавскиот сепаратистички регион Придњестровие, но и од Крим, каде што има руски војници. За догодина тој побара воениот буџет да биде околу 50 милијарди украински гривни, односно околу 3,2 милијарди долари, за разлика од оваа година кога е 26 милијарди гривни. Тој рече дека армијата планира да потроши 110 милиони долари за набавка на оружје од странство и 365 милиони долари за домашни набавки на оружје. Премиерот Арсениј Јацењук изјави дека Украина, чија економија е во тешкотии, ќе треба да пренасочи пари од социјалните трошоци за зголемување на трошоците за одбрана.

XS
SM
MD
LG