Достапни линкови

logo-print

Стотици читатели го бранат турскиот весник „Заман“ по најавените апсења


Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

Стотици читатели минатата ноќ ја минаа пред редакцијата на турскиот весник „Заман“ во Анкара, изразувајќи на тој начин протест поради можната полициска акција за апсење на новинари на овој весник. Најавата за апсење на новинарите на „Заман“ беше објавена на еден профил на Твитер, каде и претходно беа најавувани слични полициски акции кои потоа се покажуваа како вистинити. Се претпоставува дека зад профилот стои човек близок до власта.

Насобраните читатели го изразија своето незадоволство од, според нив, „сè по авторитарното однесување на Владата во задушувањето на критички настроените медиуми“. Главниот уредник на „Заман“, Екрем Думанли, пред насобраните вети дека нема да попушти пред притисокот и дека што и да се случи весникот нема да молчи.

Власите го обвинуваат весникот дека е поврзан со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, за кого турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека го иницирал минатогодишниот корупциски скандал со цел да ја урне неговата тогашна Влада.

XS
SM
MD
LG