Достапни линкови

Созрева граѓанската свест во Македонија


Илустрација: Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Илустрација: Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Непартиските протести што се појавуваат во последниот период покажуваат дека созрева свест дека граѓаните, настрана од партиите, треба да се изборат за нешто што сметаат дека им припаѓа.

Студентските, но и другите протести што се најавуваат, покажуваат дека во општеството созреваат некакви сфаќања дека кое било право кое граѓаните го посакуваат, не значи дека ќе го добијат ако сами не се изборат за тоа.

Незадоволството од владата, од животот воопшто, излегува, не да се решава на улица, туку едноставно некој протестира против нешто, а тоа не е врзано за партија, не е врзано со институција. Едноставно почнува еден бран на незадоволства на сите нивоа на заедницата во Македонија.

Ова е коментарот на дел од експертите по масовните протести на студентите и најавите дека може да има нов бран протести поради насобраното незадоволство во редовите на екологистите во Битола, а во Скопје кон крајот на годината поради иницијативата за нова фасада на ГТЦ.

Социологот Илија Ацески ова го оценува како добар знак дека созрева граѓанското општество.

„Незадоволството од владата, од животот воопшто, излегува, не да се решава на улица, туку едноставно некој протестира против нешто, а тоа не е врзано за партија, не е врзано со институција. Едноставно почнува еден бран на незадоволства на сите нивоа на заедницата во Македонија“, вели Ацески.

Граѓанското општество созрева во Македонија, значи не зборуваме само за невладини организации, туку зајакнува свеста и кај самите граѓани, поединци, кај младите, дека не треба секогаш да се очекува дека државата или власта ќе се грижи секогаш за нивните права, особено кога имаме ситуација, кога властите не ги вклучуваат граѓаните при донесувањето на политики.

Освен во високото образование се планираат усвојувања и на други закони и во други сфери кои дел од невладините организации ги оценија како проблематични.

Ибрахим Мехмети коментира дека на ниту еден начин не може да биде оправдан начинот на креирање политики што не ги вклучува граѓаните.

„Граѓанското општество созрева во Македонија, значи не зборуваме само за невладини организации, туку зајакнува свеста и кај самите граѓани, поединци, кај младите, дека не треба секогаш да се очекува дека државата или власта ќе се грижи секогаш за нивните права, особено кога имаме ситуација, кога властите не ги вклучуваат граѓаните при донесувањето на политики“, вели тој.

Во изминатиот период јавноста беше сведок дека имаше контра протести кои имаа цел да го обесхрабрат искажувањето поинакви ставови. Ибрахим Мехмети упати критика дека тоа имало ефект зошто имало пасивност во однос на изразување на став или незадоволство. Меѓутоа волјата на граѓаните не може да се потиснува бесконечно, смета Мехмети.

Ацески вели дека не само за Македонија, туку и за други држави карактеристично е што протестите добиваат партиско обележје. Тој ги критикуваат партиите во Македонија дека сакаат да ја претворат државата во партиска држава и да спречат секаков граѓански активизам. Тоа лошо влијае зошто се добива впечаток дека повторно на сцена ги имаме главните играчи во партиска смисла, нагласува Ацески.

„Тука е сега клучот, како партијата без разлика дали е во опозиција или на власт, ќе го заузда тоа мешање во самиот процес. Ако партијата се замеша тоа веќе добива друга димензија, без разлика дали е на власт или во опозиција“, вели Ацески.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG