Достапни линкови

Ги продавале оригиналите, а во музејот оставале копии


Ташкент.

Ташкент.

Десетици слики од Државниот музеј на уметноста во главниот град на Узбекистан, Ташкент, биле продадени и заменети со фалсификати. Судските власти денеска соопштија дека тројца поранешни високи службеници на музејот се осудени за измама на затворски казни од 8 до 9 години и три месеци. Судот утврдил дека од 1999 до 2014 година, тие замениле неколку слики од познати советски автори со копии, а оригиналите им ги продале на непознати лица. Истото го направиле со околу 25 слики од музејското депо за европска уметност. Нема начин за потврдување на точноста на пресудите во оваа строго контролирана централноазиска држава.

XS
SM
MD
LG