Достапни линкови

Лавров - Шанса за мир во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека има шанса за окончување на војната во источна Украина и повика на нови мировни разговори. Тој ова го изјави денеска во Москва, неколку часа откако украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека сега има „вистински“ прекин на огнот меѓу владините сили и проруските сепаратисти. Лавров рече дека се појавила шанса да се воспостави мир во Украина. Тоа е тешко, но примирјето е воспоставено, рече тој. Русија инсистира дека го почитува територијалниот интегритет на Украина и во неколку наврати го повика Киев да воспостави директен дијалог со сепаратистичките власти во регионите Луганск и Доњецк.

XS
SM
MD
LG