Достапни линкови

Oпозиција ја „урива“ власта без идеја и концепт


Не гледам еден јасен концепт на кај оди, не се уверливи нивните соопштенија за решавање на состојбите, од друга страна ја имаат одговорноста да ги изнесат доказите за коишто тврдат дека ги имаат, макар после тоа престанеле да постојат, вели режисерот Слободан Унковски во интервју за РСЕ.

Во време на нагласен популизам кој власта го користи како силна алатка во спроведувањето на своите политики, опозицијата нема јасен концепт на дејствување, вели режисерот Слободан Унковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Иако според него најважно во моментот е да се смени, како што вели, погубната политика на власта, тој проценува дека и опозицијата не е доволно убедлива во свето делување.

Не гледам еден јасен концепт на кај оди, не се уверливи нивните соопштенија за решавање на состојбите, од друга страна ја имаат одговорноста да ги изнесат доказите за коишто тврдат дека ги имаат, макар после тоа престанеле да постојат.

„Не е по ништо специјално атрактивна опозицијата моментално. Не е доволно убедлива. Не гледам еден јасен концепт на кај оди, не се уверливи нивните соопштенија за решавање на состојбите, од друга страна ја имаат одговорноста да ги изнесат доказите за коишто тврдат дека ги имаат, макар после тоа престанеле да постојат“, вели Унковски во интервју за РСЕ.

Слободан Унковски.

Слободан Унковски.

Ако СДСМ го направи тоа, односно ако ги отвори прашањата за кои вели дека има цврсти докази, ќе заврши голема работа, дециден е Унковски. Дали потоа оваа партија ќе преживее или ќе биде уништена, не знаеме, но одговорноста да го направи тоа докрај е нејзина, истакнува познатиот македонски режисер.

Опозицијата досега е некако изгубена. Што повеќе се одолговлекува испукувањето на „бомбата“, тоа повеќе ја ослабнува опозицијата.

Дека опозицијата не е доволно убедлива во тоа што го прави се согласува и професорот Башким Селмани. Тој додава дека одложувањето на објавување на „бомбата“ од докази против владеењето на оваа политичка гарнитура се сведува на празна реторика и дека со вакво однесување, опозицијата и помага на власта да ја зајакне својата моќ.

„Опозицијата досега е некако изгубена. Што повеќе се одолговлекува испукувањето на „бомбата“, тоа повеќе ја ослабнува опозицијата. И опозицијата и власта не се занимаваат со своите законски и уставни обврски, туку повеќе е секојдневна реторика и секој ден ги менуваат своите идеи и однесувања.“

Според Селмани она што треба да го прави опозицијата е да се сврти кон секојдневните проблеми на граѓаните и да ги слуша нив, а не да се фокусира само на начините и средствата со кои може да се урне власта.

„Тие не ги анализираат секојдневните проблеми што ги имаат граѓаните и не реагираат на тоа. Тие размислуваат како да ја срушат власта, опозицијата не е тука да ја сруши власта, туку да насочува на правилниот пат“, заклучува Селмани.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG