Достапни линкови

logo-print

Интегрирано образование за помала поделеност во училиштата


Загрижува фактот што токму големиот број тепачки меѓу учениците се поради етничката нетрпеливост, вели Сашо Стојковски од Нансен Дијалог Центар.

Интегрираното образование односно заедничките часови на учениците од различни наставни јазици е единствената насока со која ќе може да се надмине поделеноста, посочија учесниците на тркалезната маса во тетовското училиште Братство Миѓени. Загрижува фактот што токму големиот број тепачки меѓу учениците се поради етничката нетрпеливост, вели Сашо Стојковски од Нансен Дијалог Центар, организација која во ова училиште ја спроведува програмата за интегрирано образование.

Сегрегацијата е евидентна, не само во Македонија туку во регионот. Сите заедно треба да направиме напори од сите страни да можеме на некој начин да го стопираме тој тренд односно да го превенираме, односно сегреграцијата во училиштата знаеме во која насока води.

„Сегрегацијата е евидентна, не само во Македонија туку во регионот. Сите заедно треба да направиме напори од сите страни да можеме на некој начин да го стопираме тој тренд односно да го превенираме, односно сегреграцијата во училиштата знаеме во која насока води. Она што нас не загрижува и институциите кои беа присутни денес изјавите на учесниците на таквите инциденти, која е причината за таквото насилство на етничка основа е етничката нетрпеливост, вели Стојковски.

Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, Астрид Торс, вели дека нема алтернатива околу начинот како да се надмине поделеноста во училиштата.

Тоа е модел кој овозможува спречување на конфликтите, овозможува луѓето да се чувствуваат побезбедни и послободни во општеството, а имаат различна националност, вера и јазик.

„Тоа е модел кој овозможува спречување на конфликтите, овозможува луѓето да се чувствуваат побезбедни и послободни во општеството, а имаат различна националност, вера и јазик. Во имплементирањето на интегрираното образование главна алка се заедничките активности, децата се запознаваат повеќе. Важно е да се разјаснат некои детали околу интегрираното образование, вели Торс.

Во иднина и Министерството за образование согласно стратегијата за развој ќе работи на тоа се повеќе да има интегрирано образование, вели министерот Абдилаќим Адеми.

Идните наставници да учат за интегрирано образование и да учат да предаваат во етнички мешани училишта, најавува Адеми.

Од 2008 година во Македонија, Нансен дијалог центар заедно со Министерството ја спроведува програмата за интегрирано образование. Учениците од македонски и албански наставен јазик заеднички одржуваат настава од воншколските активности.

XS
SM
MD
LG