Достапни линкови

Бесими и Могерини за важноста од проширувањето на ЕУ


Вицепремиерот Фатмир Бесими по средбата во Брисел со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави дека станува збор за исклучително важна средба со оглед на тоа што до неа доаѓа на една недела пред самитот на Европскиот совет. „Укажав за нашиот интерес за членство во ЕУ и сите напори за спроведување на реформите што ги правиме во тој правец, како и нашата отвореност во однос на решавање на отворените прашања со соседите. Тоа што го слушнав од Могерини е дека Македонија и регионот остануваат во фокусот на проширување на Европската унија, без разлика што не се очекува прием на нова земја за членка во ЕУ во наредните пет години. Сепак, проширувањето останува во фокусот на Унијата и тоа е важна вест“, изјави вицепремиерот Бесими.

XS
SM
MD
LG