Достапни линкови

logo-print

Порошенко: примирјето во Украина сега е реалност


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека во Украина сега владее вистинско примирје. Говорејќи за време на неговата посета на Австралија, тој изјави дека за прв пат во изминативе седум месеци украинската војска не претрпела ниту една жртва. „Не можете да замислите колку ми е тоа важно. Ова е прва ноќ во која немаме загинат или ранет украински војник“, изјави Порошенко. Најновото примирје меѓу украинската војска и проруските сепаратисти во источна Украина стапи во сила на 9 овој месец. Од почетокот на конфликтот во средината на април годинава, досега загинале над 4 илјади и 300 луѓе.

XS
SM
MD
LG