Достапни линкови

Конгресот на САД го усвои законот за финансирање на владата


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои законот во вредност од над еден билион долари за финансирање на владините агенции до крајот на септември идната година. Законот беше усвоен со 219 гласови за и 206 гласови против откако претседателот Барак Обама побара од демократите да го поддржат. Повеќето републиканци беа против законот бидејќи со него не се блокира неодамнешниот потег на Обама околу имиграциската политика. Сега овој закон треба да помине во Сенатот кој е под контрола на демократите. Во овој закон се вклучени и одредби за финансиска и друга поддршка на Украина.

XS
SM
MD
LG