Достапни линкови

Шефот на ЦИА ја брани Агенцијата


Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан изјави дека неовластени и во некои случаи одвратни методи биле употребувани против осомничените за тероризам. Но, тој констатира дека ЦИА многу работи направила исправно во време кога, како што рече, „немало лесни одговори“. Деновиве американскиот Сенат објави извештај во кој се наведува дека ЦИА ги измамила Белата куќа и јавноста за тортурите на затворениците по терористичките напади врз Соединетите држави во септември 2001 година и оти дејствувала многу побрутално од што кажувала. Според Бренан имало мал број случаи кога агенти на ЦИА употребиле недозволени техники на сослушување.

XS
SM
MD
LG