Достапни линкови

Градоначалникот може да зборува бесконечно во охридскиот совет


Совет на општина Охрид.

Совет на општина Охрид.

Новиот деловник којшто советничкото мнозинство во Општина Охрид го донесе неодамна предвидува градоначалникот и директорите на јавните претпријатија да може да зборуваат без ограничување на времето на дискусија, додека тоа не важи за советниците.

Охридскиот градоначалник на седниците на градските совет ќе може да зборува колку сака без ограничувања, исто како и директорите на јавните претпријатија во градот. Новиот деловник којшто советничкото мнозинство го донесе неодамна го предвидува токму тоа.

Го скратија правото ние тоа да го направиме во подолг временски период, а му дадоа предност на градоначалникот и на директорите на јавните претпријатија.

Опозициските советници реагираат на ваквата одлука и велат дека наместо со консензус, како што било претходно договорено, во последен момент бил предложен амандман со кој се предвидувале измените.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Претседателката на Советот од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњановска,во текот на сите изминати месеци инсистираше овој документ да биде донесен едногласно и да биде поддржан од страна на сите советници. Околу нацрт Деловникот советниците се усогласуваа повеќе од една година. Советниците од власта го урнаа достоинството и авторитетот на институцијата советник и им дозволија на луѓето од извршната власт во Општина Охрид да се наметнат над Советот, реагираат од СДСМ Охрид.

Проблемот што Деловникот не е донесен со консензус не е во советничкото мнозинство, туку лежи во советниците од СДСМ.

„Советничкото мнозинство изгласа нешто што е спротивно од она што е потребно советниците да го имаат, односно тие да бидат тие што во советот ќе ги носат одлуките, коишто ќе предлагаат и коишто ќе говорат. Го скратија правото ние тоа да го направиме во подолг временски период, а му дадоа предност на градоначалникот и на директорите на јавните претпријатија“, рече Жаклина Лазареска советник од СДСМ.

Поранешниот претседател на Советот на Општина Охрид, Владо Чингоски, вели дека за поздравување е донесувањето на новиот деловник со оглед на тоа што советот шест години работел без деловник. Меѓутоа, вели Чингоски, советниците со внесувањето на таков амандман си ја пресекле гранката на којашто седат.

„Амандманот е скроз погрешен. Советот како најважен орган на општината и советниците се ставени во подредена положба на градоначалникот. Ако веќе може некој неограничено да зборува, тоа се советниците, а не градоначалникот. Оваа ситуација со ваков амандман ќе доведе до уште поголема потчинетост на советниците наспроти градоначалникот и администрацијата. Советниците мора да присуствуваат на седниците на совет, а градоначалникот може, но и не мора“, рече Чингоски.

Советите во Македонија никако да сфатат дека тие се тие кои ја водат политиката на градот, а градоначалникот само треба да ја спроведува таа политика. Но, очигледно е, вели Чингоски, дека градоначалникот станува клучната фигура во општината и тој ја води и политиката која треба советот да ја води и неговата извршна власт.

„Вака неограничено ова веќе нема да е совет, ова ќе е градоначалникот или претставниците на предлагачот ќе може да си го користат да си зборуваат со саати, а советниците никогаш да не може да му реплицираат бидејќи се ограничени со време“, рече Чингоски.

Од општината велат дека новиот деловник бил донесен легитимно и согласно законските норми. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека овој амандман е издржан и истиот го поддржа затоа што е битен за понатамошното функционирање на Советот.

Ова јасно укажува дека проблемот што Деловникот не е донесен со консензус не е во советничкото мнозинство, туку лежи во советниците од СДСМ, велат во Општина Охрид.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG