Достапни линкови

logo-print

Руската рубља продолжува да паѓа во однос на доларот и на еврото


Руската рубља продолжува да паѓа во однос на доларот и на еврото, и покрај напорите на Руската централна банка да ја поддржи националната валута со зголемување на основната каматна стапка за цел процент на 10,5 отсто. Целта е да се подржи валутата и да се заузда зголемувањето на цените. Банката предвидува дека инфлацијата до крајот на годинава ќе достигне 10 отсто, што се должи на падот на рубљата и стагнацијата на економијата до 2016 година. Денеска рубљата достигна ново историско најниско ниво.

XS
SM
MD
LG