Достапни линкови

logo-print

Над 150 државјани на БиХ се борат во странство


Илустрација.

Илустрација.

Разузнавачките служби и полицијата во Босна и Херцеговина соопштија дека 154 босански државјани во моментот учествуваат во вооружени конфликти во странство, од кои 150 во Сирија и четворица во Украина.

Според податоци на Обвинителството на БиХ, во Сирија досега загинале најмалку 30 босански граѓани.

Во септември босанските власти уапсија околу 20 луѓе, меѓу кои и имамот Билал Босниќ, кои врбувале млади лица да војуваат на страна на Исламската држава.

Босанските власти неодамна објавија официјално приклучување на земјата кон меѓународната коалиција за борба против ИД.

XS
SM
MD
LG