Достапни линкови

Полицијата во Хонг Конг растури голем камп на демонстрантите


Полицијата во Хонг Конг денеска испразни еден од главните кампови на демонстрантите и уапси повеќе од 100 луѓе. Полицајците почнаа со расчистување на кампот и отстранување на шаторите откако претходно им наредија на демонстрантите да ја напуштат областа во рок од половина час или ќе бидат уапсени. Многу демонстранти го напуштија кампот, но некои остана и покрај предупредувањата на полицијата. Повеќе од 100 луѓе беа уапсени, меѓу кои и сопственик на медиуми и двајца опозициски пратеници. Демонстрантите протестираат 75 дена барајќи слободни и фер избори во 2017, без Кина да се меша во нивниот избор за лидер на полу-автономниот регион.

XS
SM
MD
LG