Достапни линкови

Џихадистичкото движење ќе биде генерациски предизвик


Во насилствата од исламистички милитанти ширум светот во изминатиот месец биле убиени над пет илјади луѓе, покажува новата студија објавена денеска. Би-Би-Си и Меѓународниот центар за студии на радикализацијата на Кралскиот колеџ во Лондон соопштија дека изминатиот месец имало 664 напади во 14 земји во светот. Најпогодена земја е Ирак, каде што има една третина од вкупните смртни случаи. По него следуваат Нигерија, Авганистан и Сирија. Милитантите од Исламската држава се одговорни за 308 напади во кои имало повеќе од 2.200 жртви во Ирак и во Сирија. Се наведува дека 60 отсто од убиствата се извршени од страна на организации без формална поврзаност со Ал-Каеда, што укажува на „поамбициозно, комплексно, софистицирано и далекусежно движење“. Во извештајот се наведува дека е очигледно „оти џихадистичкото движење“ е „посилно од секогаш“ и дека борбата против него ќе биде генерациски предизвик.

XS
SM
MD
LG