Достапни линкови

Чејни - Сенатскиот извештај за испрашувањата е „полн со глупости“


Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни.

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни.

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни жестоко го критикуваше извештајот на Сенатот во кој се наведува дека имало тортура врз притворениците од „војната против тероризмот“. Чејни, кој беше потпретседател во мандатот на претседателот Џорџ Буш кога се користеле бруталните „подобрени техники на испрашување“, за американската телевизија Фокс Њуз изјави дека програмата била целосно оправдана. Чејни негира дека претседателот Буш не знаел за програмата и рече дека тој „всушност беше интегрален дел од програмата и мораше да ја одобри“. Тој рече дека претседателот Буш „знаел сè што требало да знае и сакал да знае“, додавајќи дека „бил целосно информиран“. Тој оцени дека извештајот има „големи недостатоци“, дека е „ужасен“ и дека е „полн со глупости“.

Во извештајот на 500 страни што беше објавен вчера се наведува дека испрашувањето на ЦИА на осомничени припадници на Ал-Каеда било многу побрутално од што било објавено и оти не овозможило корисни информации. Во документот се заклучува дека ЦИА намерно погрешно ги информирала Конгресот и Белата куќа за вредноста на информациите до коишто иследниците доаѓале.

XS
SM
MD
LG