Достапни линкови

Лукашенко ја обвини Москва за трговскиот спор


Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини Москва за трговскиот спор што се испречи во односите меѓу традиционалните сојузници во период кога руската економија е притисната од западните санкции и ниските цени на нафтата. Зборувајќи на седница на владата во Минск, Лукашенко денеска рече дека корените на конфликтот „не се во Белорусија, туку некаде во Москва“. Кон крајот на ноември, Русија забрани увоз на месо и млеко од Белорусија, тврдејќи дека пронашле траги од штетни материи. Минск одговори така што почна засилени гранични контроли на возилата што ја поминуваат меѓусебната граница, со образложение дека работи на намалување на шверцот.

XS
SM
MD
LG