Достапни линкови

САД: Русија не почитува договори за контрола на оружјето


Соединетите држави ја обвинија Русија дека крши два клучни договора за контрола на вооружувањето. Потсекретарот за меѓународна безбедност Роуз Гетемелер на сослушување во Конгресот изјави дека Русија не го почитува Договорот за нуклеарните ракети од среден дострел и Договорот за конвенционалните оружени сили во Европа. Русија ги демантира ваквите наводи. Гетемелер изјави дека Соединетите држави би сакале Русија да почне целосно да ги почитува двата договора. Вашингтон во јули соопшти дека Русија тестирала ракета, што е забрането со овие договори.

XS
SM
MD
LG