Достапни линкови

Путин во Индија за зацврстување на трговските односи


Соочен со економски тешкотии дома, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Индија. Тој и индискиот премиер Нарендра Моди ќе учествуваат на годишниот самит меѓу двете земји посветен на трговската и енергетската соработка. Според оценката на Москва, станува збор за привилегирано стратегиско партнерство со оглед на планираната изградба на неколку нови нуклеарни постројки и на воената соработка. Трговската размена меѓу двете земји во минатата година изнесуваше само околу 10 милијарди долари. Најновата индиска одлука да купи француски и американски хеликоптери ја налути Москва која е најголем снабдувач со оружје на Индија. Њу Делхи пак, изрази загриженост што Русија ќе му продава хеликоптери на ривалскиот соседен Пакистан.

XS
SM
MD
LG