Достапни линкови

Кери на брзо закажана средба со Нетанјаху


Американскиот државен секретар Џон Кери планира на 14 декември да отпатува во Рим, каде што треба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да разговара за развојот на настаните во Израел и на Западниот Брег. Набрзина договорениот состанок беше најавен на Твитер од страна на портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки, неколку часа откако еден палестински министер почина по физички конфликт со израелските безбедносни сили за време на протест на Западниот Брег.

XS
SM
MD
LG