Достапни линкови

logo-print

Вработен украл 300 илјади евра од трезорот на Централната банка на БиХ


Централната банка на БиХ.

Централната банка на БиХ.

Централната банка на БиХ била ограбена за над 300 илјади евра, поради што е уапсен еден нејзин службеник, а неколкумина се суспендирани, потврдено е денеска од седиштето на банката во Сараево. Во текот на редовните и вонредните контроли е утврдено дека во трезорот на Централната банка недостасуваат 306.900 евра, по што гувернерот на банката Кемал Козариќ ја информирал полицијата. Како извршител на криминалното дело полицијата идентификувала еден од вработените во банката, кој ја признал кражбата и е предаден на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ, која ќе започне кривична постапка. Врз основа на своите овластувања, гувернерот Козариќ суспендирал уште деветмина вработени во банката и ваквата мерка ќе остане во сила сè до завршување на истрагата. Од Централната банка не соопштуваат кога точно се случил грабежот и каде завршиле парите од трезорот, со образложение дека тоа може да биде штетно за текот на истрагата.

XS
SM
MD
LG