Достапни линкови

Палестински министер почина по расправија со израелски полицајци


Палестински министер на возраст од 55 години денеска почина по расправија со израелската гранична полиција за време на протестите на Западниот Брег. Министерот без ресор Зиад Абу Еин учествувал на протестот против проширувањето на доселеничките населби на окупираните палестински територии кога влегол во конфликт со израелските полицајци.

Снимките објавени од Ал Џазеира покажуваат дека израелски војник го удира Зиад Абу Еин со кундакот од пушката во градите. Фото-репортерот на Ројтерс сведочи дека еден граничен полицаец го фатил министерот за врат. Фото-репортерот на агенцијата Франс прес, пак, вели дека израелските сили испукале солзавец кон демонстрантите и оти тројца израелски војници го удриле министерот во градите.

Тој паднал на земја, по што бил однесен во болница, но починал по пат. Сè уште не е позната причината за смртта.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го оцени инцидентот како „варварски чин“ кој Палестинците не може да „премолчат или да го прифатат“. Тој рече дека ќе ги преземе „неопходните чекори“ по истрагата.

XS
SM
MD
LG