Достапни линкови

Мирен протест на студентите во Битола


Студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и средношколци од градот одржаа мирен протестен марш во знак на неприфаќање на воведувањето на државен испит. Протестниот марш, јави дописникот на МИА од Битола, почнал од пред Техничкиот факултет, а завршил пред Ректоратот каде во името на студентите се обратил студентот Бранко Јаковчески, претставник на Студентскиот пленум од Битола. Студентите бараат ректоратот да донесе јасен став во врска со државниот испит. Делегација на Студентскиот пленум беше примена од ректорот на битолскиот универзитет Златко Жоглев.

XS
SM
MD
LG