Достапни линкови

Приведени 15 осомничени за лихварство во Гостивар


Илустрација.

Илустрација.

Во полициска акција „Чекан“ денеска се приведени вкупно 15 лица, две лица од извршените проверки се надвор од Македонија, а по две лица сè уште се трага. Приведените се сомничат дека биле дел од организирана криминална група која се занимавала со изнуда, лихварство и „перење пари, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија. Уапсените денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка. При претрес на дом, едно лице пукало кон полициските службеници, но осомничениот бил совладан и приведен. При претресот на 19 локации во Гостивар, полицијата одзела 20 патнички моторни возила, околу 43 евра, 12 швајцарски франци и 240 илјади денари, 4 пиштоли без дозвола, 1 ловна пушка, околу 60 куршуми, нож, боксер, 3 рамки за пиштол, 7 мобилни телефони, 11 СИМ картички, договори и предмети поврзани со оштетените лица, повеќе договори за заем на парични средства, а утврдено е кривично дело кражба на струја, стои во соопштението од МВР.

XS
SM
MD
LG